Welkom.
За жал или за среќа многу од нашиот круг на познаници се доселуваат во Холандија и почна да нѐ “иритира” да ги повтараме истите работи на секои шест месеци. Ова се разни забелешки за првите неколку месеци живот во Холандија за скоро дојдени/во најава.
Ако сакаш да додадеш нешто стори го тоа тука.
Ова се однесува за временската рамка и други детали за добивање на виза пo highly skilled migrant scheme.
Во Холандија е задолжително да имаш здравствено осигурување. Откако ќе го добиеш твојот residence permit, имаш четири месеци да одбереш компанија која нуди здравствено осигурување. Добар ресурс за споредба на осигурителните компании може да најдеш тукa
Наплатата за здравственото осигурување е ретроактивна - ќе платиш и за месеците кои си немал здравствено а си бил ресистриран(а) во Холандија.
Купи си точак!
Додека не најдеш точак што ти се допаѓа користи ги Swapfiets за да изнајмиш на месец/два. Имаат и електрични.
Ако имаш македонска возачка дозвола откога ќе го добиеш 30% rulling замени ја македонската возачка дозвола со холандска. Во првите 6 месеци можеш да возиш со македонска + меѓународна возачка дозвола, но потоа таа ќе е неважечка. Лимит за замена од македонска во холандска возачка нема.
Процедурата за замена е опишана овде.
Доколку поседуваш кола регистрирана во Македонија, можеш да ја увезеш во Холандија во првите 12 месеци од твојот престој без да плаќаш царина и регистрациски даноци. Повеќе можеш да прочиташ овде.
За целиот јавен превоз низ Холандија користиш OV-chipkaart. Извади персонализирана.
Извади ја преку NS од тука со 40% попуст на off-peak/weekend возења (годишно е 50 евра). 40% попустот важи само за возови ама се наоѓа кога одиш до Ајдховен за Wizzair или кога се шеташ низ Холандија за викенди. 40% попуст важи и за тројца други што патуваат со тебе и тие не мора да имаат персонализирана картичка.
Исто така кога ќе ја извадиш персонализираната нa нејзе стави и OV-Fiets претплата која е бесплатна. Така ќе можеш да зимаш до два точаци од железнички станици. Ќе ти се најдат за гости пошто се поефтини отколку да изнајмуваш од точкари.
Ако живееш во Амстердам-Хаг-Ротердам, најдобра опција за кола е да правиш on demand short time rent. Во моментов најдобра опција е SixT Share. Возиш електрични, можеш да ги оставаш и паркираш низ цел град. Следни се My wheels и GreenWheels.
Становите се рентаат long-term. Газдите се пребирливи. Оди дотеран на интервјуата. Ако одиш со партнер, двете имиња стави ги во договорот за изнајмување, препорачливо за регистрацијата во општина.
Имаме искуство со Rabo, ABN AMRO и ING.
Битно е дека online-shopping функционира за сѐ.
Користиш iDEAL за плаќање со дебитната картичка директно преку твојата банка, сите сајтови што продаваат го поддржуваат.
Регистрирај се на DigID. Се користи за да се најавуваш на сите сајтови на институции (Данок, Пензија, Здравствено, Општина…)
Холандски не ти треба за ништо, ама ако не планираш да се селиш за 5 години, пробај да научиш.
Треба да си избереш матичен доктор со време, и да не си болен. International Health Centre The Hague се ок.
Странава е достапна на http://holandija.spodeli.org